Презентација за Црквата Свети Димитрија Солунски, Скопје

06.11.2019 година – Информативна презентација за скопската Црква Свети Димитрија Солунски, подготвена и образложена од Брат Зоран Георгиевски на последниот Собор на Големиот Приорат на Македонија одржана во црквата Свети Димитрија Солунски.

Драги браќа и сестри

Денес се собравме во божјиот храм Св. Димитрија Солунски во Скопје, едно од најсветите и најзначајните места за христијанството во Европа.

Се започнало во времето кога на чело на Римското царство се ноѓал Императорот Нерон. Во негово време дошол вториот бран на ученици на пророкот, како што тогаш го викале Христос. Во тој период на Балканот дошле Петар и Павле со истото учење за енаквост на луѓето и за братската љубов и разбирање. Свети Павле во неговото второ доаѓање во Македонија од Филипи преку Дојран и Паљурци, градот Астибо, денешен Штип и Билазора дошол во Скупи, денешното Скопје. По пристигањето во Скопје формирал христијанска заедница и  веднеш до веќе постојниот религиозен храм ја подигнал една од првите христијански цркви на Балканот. Таа црква денес се ноаѓа во центарот на Скопје и е позната како Св. Димитриј. Некогаш била позната и како црква на Светиот Апостол, а делови од таа црква денес може да се видат на различни места во Рим, каде што се однесени по пропаста на Византиската Империја и по некое тогашно пљчкање на црквата.

Секако по бројни земјотреси, рушења и палежи низ вековите , црквата Св. Димитриј денес има сосема поинаков лик. Но таа е точно на тоа место. Стариот пагански храм до кој таа е изградена се наоѓал на местото на кое денес се наоѓа крстилницата на Св. Димитиј, и тој е целосно срушен за време на едни бурни настани во 400 година во нашата ера. Во чест на црквата подигната од Светиот Апостол, овој град малку подоцна ќе биде наречен Скопје. Зборот Скопје значи црква или собор како и првите христијански собранија. Сите Византиски автори кога пишуваат за Скопје го шифрираат како Еклесија. Во 400 година од нашата ера , во времето на Римскиот Император Теодосиј први седиштето на Византиската ( Римската) Империја од Скопје било пренесено во Константинопол, но Скопје сеуште бил многу важен центар што ке остане за цело време на постоењето на Источното Римско царство.

Црковното Патријаршиско седиште дотогаш се наоѓало во Црквата на Светиот Апостол во Скопје, денешен Св. Димитриј, а подоцна во империјалната Црква Консантин и Елена , изградена од Константин Велики кој бил родум од Драчево близу Скопје. Таа кога била подигната имала друго име најверојатно Света Параскева бидејки е градена во чест на жената на Трајан Света Параскева. Во тоа време оваа црква била светска, вселенска. Царот Теодосиј први по указот од 394 година, со кој христијанството станува официјална државна религија на Римската Империја, решил да ја пренесе целата црковна власт во Константинопол. Дошло до голем отпор на населението, што резултирало со бунт. Бунтот се случил на 12 јули 400 година и завршил со колеж на околу 7000 луѓе Македонци а бил извршен од страна на Римската војска. Императорот Јустинијан први, чие родно име му е Петруш, по потекло од Таор, скопско од крвната лоза на Константин Велики, во црквата на Светиот Апостол, денешен Св. Димитриј ќе го смести седиштето на првата автоќефална црква на Балканот, наречена Јустинијана Прима. Со тоа Скопје станува моќен духовен центар на Балканот и во Европа, алтернатива на Константинопол.

Во 14 век во црквата на Светиот Апостол, денешен Св. Димитрија ќе биде крунисан за цар Стефан Душан од страна на Охридскиот Архиепископ и Печкиот Патријарх. Со тој чин се испратила една силна порака до христијанскиот православен свет дека црквата во Скопје претставува сеуште моќен христијански верски центар како наследничка на Првата Вселенска Патријаршија и Автокефалната Јусинијана Прима. Со тоа што бил крунисан за цар во Скопје, во храмот на Светиот Апостол, седиштето на Јустинијана Прима од страна на два патријарха, му става до знаење на тогашниот вселенски Патријарх и Византиски цар и на сите цареви и кралеви  во Европа дека неговата царска круна е легитимна и од бога благословена.

Активности

04.02.2024

Годишен Меѓународен Собор на OSMTH, Рим, Италија 03.02.2024 година

Повеќе »

26.01.2024

Свечен Собор на Големиот Приорат на Македонија се одржа во Скопје на 25.01.2024 година.

Повеќе »

06.01.2024

05.01.2024 година, Скопје – Како и секоја година на 5-ти јануари Големиот Приорат на Македонија го чествува големиот Христијански празник Св.Наум Охридски Чудотворец, Слава на нашиот Ред.

Повеќе »

16.11.2023

Свечен Собор на Големиот Приорат на Македонија се одржа во Скопје на 15.11.2023 година.

Повеќе »

28.10.2023

Свечен ИЗБОРЕН Собор на OSMTH се одржа во Париз на 27ми и 28 Октомври 2023 година.

Повеќе »

Контакт



© 2024 OSMTH Magnum Prioratum Macedoniae