Хронологија

Хронологија кроз историјата на Редот на Храмот

Март 1065 г. – Турците го завземаат Ерусалем со што ги иницираат Крстоносните војни;


27. Ноември 1095 г. – Папата Urban II го прогласува почетокот на Првата Крстоносна Војна на Собирот во Клермон (Clermont), Франција;


1096 г. – Прогон на Евреите во Европа;


1096-1102 г. – Прва Крстоносна Војна:

1096 г. – Народна Крстоносна војна 1096 година, Германска Крстоносна војна 1096 година, Опсадата на Никеја 1096 година

1097 г. – 1 јули 1097, Битката кај Дорилеја

21 октомври 1097- 3 јуни 1098 г. – Првата опсадата на Антиохија

10. Март 1098 г. – Boduen од Bouillon ја превзема Едеса;

7-28 јуни 1098 г. – Втората опсада на Антиохија

1099 г. – Опсадата на Ерусалем, на 15 јули 1099 година Крстоосците предводени од Godfrey of Bouillon го превземаат Ерусалем од Турците . Формирањето на Витезите Темплари е иницирано набрзо по ова од страна на Bernard од Clairvaux;

12 август 1099 г. – Битката кај Аскалон

Август – Септември 1101 г. – Последен дел од првиот поход на крстоносците е добиен во Мала Азија;


1100 г. – Основан е Редот на Хоспиталиерите Св. Џон од Ерусалем, за помош и нега на болните.


1107 – 1108 г. – Крстоносен поход на Боемон I херцог на Таренто;


Септември 1108 г. – Баемон се предава на Византијците;


12. Јули 1109 г. – Завладување со Триполи;


1113 г. – Папата Pascal II официјално ги признава Хоспиталиерите;


1114 г. – Каталонски поход на Арапите;


1118 г. – Папа Gelasius II бјавува крсоносен поход на Maврите во Италија;


1118-1119 г. – Основање на Редот на Темпларите. Ху де Пајен (Hugh de Payens) е избран за Прв Мајстор на Редот;


19. Декември 1118 г. – Сарагоса е превземена од Христијаните;


27. Јуни 1119 г. – Битка на Крваво поле;


1120-1125 г. – Папата Callixtus II води крстоносен поход на маврите во Шпанија и кон неверниците кон Светите земји;


Март 1120 г. – На Редот е подарен Лефонтен Дижон кој станува нивна командерија;


Март – Април 1123 г. – Указ за крстоносен поход во времето на Лаитеранскиот собор;


07. Јули 1124 г. – Крстоносците го превземаат Тир;


1125 г – Хју од Шампањ (Hughes de Champagne) им се приклучува на Темпларите;


1125-1126 г. – Кон Крстоносниот поход се приклучува и Великиот Магистер на Редот на Храмот Hughes de Payen;


1126 г. – Hughes de Payen патува на Запад за да обезбеди поголем авторитет за Редот;


1127 г. – Hughes de Payen и Витезите Темплари се враќаат во Франција, а првата земја донирана на Темпларите од Грофот Thybaud, Hughes de Payen му ја доделува Првиот Храм Црква во Холборн, Лондон;


1129 г. – Папата Honorius II го признава на Редот на Храмот во Советот во Троја. Hughes de Payen е избран за Прв Голем Мајстор на Редот, ја пропатува Европа и ги посетува Шкотска и Англија каде воспоставува Прецепторати, по што Редот забрзано се шири низ Европа и британските острови;


Ноември 1129 г. – Крстоносците го напаѓаат Дамаск;


1130 г. – Витешкиот Темпларски Ред добива привилегии од Alfonso I од Шпанија. Истата година во Ерусалем се формира Редот на Св.Лазарус, во конекција со Темпларите;


 Мај 1135 г. – Собор во Пиза;


1136 г. -Умира Hughes de Payen, а на неговото место Мајстор на Храмот го наследува Robert de Craon;


1139 г. – Папата Innocent II во документот “Omne Datum Optimum“ ги става Темпларите под закрила на Папата со што им овозможува привилегии и исклучоци кои ги донесуваат до ниво на автономно тело и им дозволуваат обезбедување на економска основа за финансирање на нивните воени активности. Назначени се да ја бранат Црквата од сите непријатели на Крстот;


1139-1140 г. – Крстоносен Поход на Исток;


1144 г. – Папата Celestine II го издава “Milites Templi“ со кој им додава уште привилегии на Темпларите дозволувајки им да собираат сопствени финансиски средства;


28 ноември – 24. Декември 1144 г. – Опсада на Едеса по што таа паѓа во рацете на муслиманите;


1145 г. – Папа Eugenius III ја објавува втората крстоносна војна преку “Quantum praedecessore“. Го издава и документот “‘Militia Dei“ со кој им дозволува на Темпларите сопствени цркви и свештенство вон Епископската контрола;


1146-1147 г. – Св.Бенар од Клерво ја проповеда Крстоносната идеја;


1146 г. – Папата Eugenius III им дозволува на Темпларите да го додадат црвениот Крст на левата страна на градите на нивните туники и на грбот на нивните мантии, симболизирајки ја подготвеноста да се пролее крв и да се умре за верата. Истата година умира Големиот Мајстор Robert de Craon и на негово место Голем Мајстор на Храмот го наследува Everard des Barres;


1147-1149 г. – Втора Крстоносна војна:

13. Април 1147 г. – Папа Eugenius III ја објави идејата за крстоносни походи во Шпанија и зад северноисточната граница на Светата Римска империја;

01 јули-24. Октмври 1147 г. – Опсада на Лисабон по што Христијаните завладуваат со него;

1148 г. –Крстоносците ја намалуваат опсадата на Дамаск, а Витезите Темплари се собираат во Акра и ја поддржуваат Втората Крстоносна воја;


1149 г. Умира Големиот Мајстор Everard des Barres и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Bernard de Tremelay;


1150 г. – Темпларите се стекнуваат со својот Прв замок во Газа;


1153 г. – Крстоносен поход во Шпанија. Истата година умира Големиот Мајстор Bernard de Tremelay и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува André de Montbard;


1154 г. – Големиот Мајстор на Витезите Темплари André de Montbard, ги надгледува Масоните во Англија и го гради нивниот Храм во Fleet Street во Лондон. Истата година Суверенитетот на Редот под водство на Големиот Мајстор беше признаен од  Louis VII од Франција;


25 Април 1154 г. – Nur ad-Din (Nureddin) Атабег од Алепо, го превзема Дамаск;


1156 г. – Умира André de Montbard и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Bertrand de Blanchefort;


1157-1184 г. – Низата папски повици за нова крстоносни походи, завршиле со испраќање на неколку мали експедиции на Исток;


1157-1158 г. – Крстоносен Поход во Шпанија;


1158-1170 г. – Основање на повеќе редови во Шпанските земји, како Редот Alcantara, Редот Calatrava и Редот Santiago;


1163 г. – Папата Alexander III го издава документот со кој го менува и дополнува Правилникот за Суверенитетот на Темпларите. На црно/бела позадина се испишува мотото на Темпларите: Не нам Господи, не Нам на Името свое Слава му дај ( Non nobis, Domine, non nobis sed nomini tuo da gloriam). Печатот прикажува двајца Витези кои јаваат на коњ, еден како војник а вториот како патник (иако на печатот се гледа како и двајцата да носат штит и копје) и натпис Sigillum Militum Christi.


1163-1169 г. – Поход на Ерусалрмскиот владетел Аифи на Египет;


1169 г. – Завршување со градбата на Црквата – Рождество Христово во Ерусалем. Во обезбедување средства за изградбата учествувале византискиот император Manuil I Comnin , Ерусалемскиот крал Amori I и витлеемскиот епископ Ralph. Истата година умира Bertrand de Blanchefort и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Philippe de Milly;


23. Март 1169 г. – Саладин стана владетел на Египет;


1171 г. – Крстоносен поход во Балтичките земји. Истата година умира Philippe de Milly и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Odo de Saint Amand;


10. Септември 1172 г. – Саладин завзема право за управување со Abisidiem Halifat во Египет;


Октмври 1173 г. – Основање на Редот на Montegaudo;


15 Мај 1174 г. – Умира Нурадин;


28. Октомври 1174 г. – Саладин превзема контрола врз Дамаск;


1175 г. – Крстоносен поход во Шпанија;


Октомври 1176 г. – Основање на Редот Avis ( Ред Avroia) и Ред Alcanpara (Ред на San Julian Persiro);


1177 г. – Philip de Flanders го прима крстот и тргнува на Исток;


1179 г.Умира Odo de Saint Amand и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Arnaud de Toroge.


11. Јуни 1183 г. – Алепо се предава во власт на Саладин;


03. Март 1183 г. – Мосул паѓа пред армијата на Саладин;


1184 g. – Умира Arnaud de Toroge и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Gérard de Ridefort во текот на 1185 година.


04. Јули 1187 г. – Битка на Хатин – Војската на Ерусалем предводена од Guy од Lusignan, Кралот на Ерусалем, се поразени од Саладин и турските сили, а сите преживеани Витези Темплари (над 200) и Хоспитализери се егзекутирани по битката.


1187 г. – Папата Gregory VIII прокламира свикување на Третата Крстоносна Војна, а Витезите Темплари и Хоспиталиерите се возобновиваат на островот Кипар под закрила на Кралот Ричард I (Лавовско срце), и подоцна развиваат и своја поморска сила.


20 септември – 02 Октомври 1187 г. – Опсада на Ерусалем по што Саладин го завзема градот;


1189 g. – Умира Gérard de Ridefort и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Robert de Sablé во 1191 година;


1189-1192 г. – Трета Крстоносна војна:

28 август 1189-12 јули 1191 г. – Опсада на Акра до негово завземање од Крстоносците и Витезите Темплари, со што градот станува седиште на Витезите Темплари;

7 септември 1191 г. – Битката кај Арсуф во која Саладин претрпува голем пораз.


1191 г. – Умира Robert de Sablé и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Gilbert Horal во 1193 година;


1192 г. – Кралот Ричард I (Лавовско срце) и Саладин се договараат да го отворат Ерусалем за Христијанските патници;


1198 г. – Оснивање на Витезите Теутони врз база на Витезите Темплари;


1200 г. – Умира Gilbert Horal и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Phillipe de Plessis во 1201 година. Досега воспоставената мрежа на Темпларски Пресептории низ Европа им овозможува на Темпларите да станат Основна европска економска сила со репутација дека даваат сигурни, искрени и ефикасни финансиски услуги.  Темпларите од Лондон и Париз стануваат трезораши под патронажа на Владетелите на Англија и Франција, накратко, Темпларите стануваат пионери на Интернационалното банкарство;


1202-1204 г. – Четврта Крстоносна војна:

1202 г. – Опсада на Задар;

1203-1204 г. – Опсада на Константинопол (Цариград), по која капитулира Цариград, а сите христијански реликвии паѓаат во рацете на Темпларите;


1208 г. – Умира Phillipe de Plessis и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Guillaume de Chartres во 1209 година;


1217-1221 г. – Петта Крстоносна војна


1219 г. – Умира Guillaume de Chartres и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Pedro de Montaigu во 1219;


1228-1229 г. – Шеста Крстоносна војна


1230 г. Умира Pedro de Montaigu и на нолем Мајстор на Храмот го наследува Armand de Périgord во 1232 година;


15 јули 1244 г. – По опсадата на Ерусалем, на 15 јули 1244 година тој потпаѓа под муслиманите, а седиштето на Редот на Витезите Темплари е преместено во крајбрежниот град Акр.


17 октомври 1244 г. – Битка за La Forbie, во која муслиманите извојуваат голема победа и им нанесуваат огромни загуби на Ерусалимското Кралсвто и редовите учесници во битката како: Витезите Темплари, Хоспиталиерите, Витезите Теутони, Лазарусите и други. Истата година умира Armand de Périgord и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Richard de Bures во 1245 година;


1247 г. – Умира Richard de Bures и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Guillaume de Sonnac;


1248-1254 г. – Седма Крстоносна војна


8-11 февруари 1250 г. – Битката за Мансурах, Египет во која Луј IX од Франција и Витезите Темплари претпуваат голем пораз. Истата 1250 година Guillaume de Sonnac на местото Голем Мајстор на Храмот го наследува Renaud de Vichiers;


1256 г. – Renaud de Vichiers на местото Голем Мајстор на Храмот го наследува Thomas Bérard;


1263 г. – Проблемите во Англија водат до бунт на Баронот предводен од Simon de Montford, кои му се спротивставуваат на Кралот Хенри III од Англија, а  who becomes Edward I. Edward entered the Knights Templar Temple in London and ransacked the treasury;


1270 г. – Осма Крстоносна војна


1271-1272 г. – Деветта Крстоносна војна

1271 г. – Султанот Baibas од Египет, ги запоседнува поголемиот дел од тврдините на Хоспиталиерите (Chastel-Blanc), Витезите Темплари (Krak) и Витезите Теутоници (Montfort) во Сирија;


1272 г. – Кралот Henry III од Англија умира на состанок на Англискиот Совет во Храмот во Лондон и со писмо го информираат Принцот Edward за негово пристапување на тронот, со што се илустрира политичката важност на Витезите Темплари во Англија;


1273 г. -по Thomas Bérard на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Guillaume de Beaujeu;


1284-1285 г. – Арагонска Крстоносна војна поттикната од Папата Martin IV;


1291 г. – Акр, последното парче крстоносна земја потпаѓа под муслиманите, по што Витезите Темплари го селат своето седиште, замокот Атлит, на Кипар завршувајки со своето присаство во Светата Земја.  Истата година умира Guillaume de Beaujeu и на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Thibaud Gaudin;


1292 г. – по Thibaud Gaudin на неговото место Голем Мајстор на Храмот го наследува Jacques de Molay;


1307 г. – Покрај Edward I и Edward II од Англија и Кралот Philippe IV од Франција имал огромни долгови кај Витезите Темплари и побарал од нив нов заем, но по одбивање на тоа барање Кралот испратил наредба за апсење на сите Витези Темплари во Франција. Дознавајки за наредбата, Витезите Темплати успеваат да го скријат поголемиот дел од своето богатство и на 11 октомври 1307 година Темпларски бродови го напуштаат La Rochelle, и се упатуваат кон Шкотска со поголем дел од своето богатство;


13 октомври 1307 г. – На петок, 13-ти Jacques de Molay, Големиот Мајстор на Витезите Темплари и 60 од неговите постари Витези се уапсени во Париз, Франција и обвинети за ерес. Многумина од нив признале дека се еретици после долго мачење, по што Папата Clement V иницирал истраги во Редот и илјадници Витези Темплари биле затворени ширум Европа;


1308 г. – Edward II под присила на Папата Clement V ги затвора сите Темплари во Англија;


1310 г. – 54 Витези Темплари виле спалени на клада во Франција за да ги убедат останатите Темплари да признаат;


1311 г. – Само во Франција и околината под владеење на Philip IV обвиненијата против Темпларите беа ПОТВРДЕНИ. Темпларската криза го присили Папата Clement Vда го свика Црковниот Совет;


1312 г. – Советот на Виена се изјасни дека во случајот против Темпларите недостасуваат докази и Редот согласно тоа, никогаш не е обвинет по ниту еден основ. Папата Clement V гоиздаде “Vox in Excelso“ za rasturawe na Templarite, dokument “Ad Proviendan“ за пренос на имотот на Темпларите: дел на Хоспиталиерите и дел за плаќање на пензиите на поранешните Темплари;


18 март 1314 г. – Jacques de Molay и Geoffroi de Charney се запалени на клада, на островот Ile des Juifs на реката Сена во Париз, заради поништување на нивните претходно изнудени признанија за ерес;


1314 г. – Во битката на Bannockburn Темпларите играат голема улога во победата на Шкотска. Кралот на Шкотска ги спојува Темпларите со Хоспиталиерите  во Ред познат како Храмот на Св.Џон. Унија која ќе се распушти во тек на религиозната Револуција во 16тиот век;


1317-1319 г. – Во Кралството Шпанија Темпларите се абсорбирале во основаните воени редови. Португалскиот Крал Deniz (Dionysius) го основал Редот на Витезите на Хрисос за Темпларите. и истиот бил признаен од Папата John XXII во 1319 година;


25 септември 1396 г. – Битка кај Никопол после која Османлиите конечно се утврдиле како долготрајни господари Балканот;


10 ноември 1444 г. – Битка кај Варна која завршила со огромна победа на Османлиите и во неа освен полскиот Крал Владислав, загинал и Папскиот Кардинал Јулијан;


1453 г. – Османлиите го завземаат Константинопол (Цариград);


1456 г. – Папата Calixtus III на Витшкиот Ред на Хистос му ја доделува Црковната Јурисдикција за португалските Колонии во Африка и Азија. (Големиот морепловец и истражувач Vasgo da Gama, беше Витез на Христа, Принцот Henry Морепловецот беше Голем Мајстор, и многу други смели истражувачи пловеа под капата на Црвеиот Крст како што тоа го правеше Columbus)


1715 г. – Откако станува Регент на Франција Philip, Војводата од Орлеанс се инволвира во воеите Редови низ Франција асистирајки во подготовка на Статути и документи.  Неговиот син станува Голем Мајстор на Редот Mount Carmel и Lazarus, а неговиот посинок станува Витез Хоспиталиер и Голем Приор на Редот на Франција. Генерален Собор на Витезите Темплари во Versailles, Франција;


1894 г.– Во Брисел е основан Интернационален Секретаријат на Редот;


 


1948 г. – De Sousa Fontes го назначува неговиот син Fernando Campello de Sousa Fontes за негов иден наследник и Регент;


1960 г. – Fernando Campello de Sousa Fontes стана Регент по смртта на неговиот татко и ја усвои титулата Принц Регент со што станува Неговото Височество Принц Регент Dom Fernando Pinto Pereira De Sousa Fontes, Голем Мајстор на O.S.M.T.H.

Save

Активности

04.02.2024

Годишен Меѓународен Собор на OSMTH, Рим, Италија 03.02.2024 година

Повеќе »

26.01.2024

Свечен Собор на Големиот Приорат на Македонија се одржа во Скопје на 25.01.2024 година.

Повеќе »

06.01.2024

05.01.2024 година, Скопје – Како и секоја година на 5-ти јануари Големиот Приорат на Македонија го чествува големиот Христијански празник Св.Наум Охридски Чудотворец, Слава на нашиот Ред.

Повеќе »

16.11.2023

Свечен Собор на Големиот Приорат на Македонија се одржа во Скопје на 15.11.2023 година.

Повеќе »

28.10.2023

Свечен ИЗБОРЕН Собор на OSMTH се одржа во Париз на 27ми и 28 Октомври 2023 година.

Повеќе »

Контакт



© 2024 OSMTH Magnum Prioratum Macedoniae