Кратка историја

Меѓународниот „Врховен Воен Ред на Храмот во Ерусалим“ (ORDO SUPREMUS MILITARIS TEMPLI HIEROSOLYMITANI – OSMTH) или Редот на Витезите Темплари е основан во Ерусалим во 1118 г. од страна на девет Витези:

 

  • Hughes de Payen,
  • Geoffroy de Saint-Omer,
  • André de Montbard,
  • Gondemar,
  • Payen de Mondidier,
  • Roral, Godefroy, 
  • Archambaud de Saint Amant,
  • Godefroy Bissot.

 

 

Редот бил посветен на заштитата на поклоници и одбраната на Светите земји. Витезите оснoвачи положиле монашки заклетви и биле именувани како „Сиромашни Воини на Христа и на Соломовиот Храм“, т.е. Витези Темплари. Кралот Болдвин II од Ерусалим ( 1118-1131) на Редот му го доделува местото на кое порано се наоѓал „Храмот на Сломон“ за нивна резиденција и воена касарна, од каде што настанало и името Витези на Храмот или Темплари.

 

На соборот во Троа 1128 г. Редот бил признат од Папата Онорие II кој што им ги дал строгите правила напишани од страна на Св. Бернар првиот Абат на Клерво и основоположник Цистерианскиот Ред.

 

Витезите исто така добиле бела наметка како симбол на чистотата на нивниот живот на која што во 1146 г. Папата Евгение поставил црвен крст со два хоризонтални крака.

 

Воените подвизи на Редот за заштитата на Светите земји биле многубројни. После падот на Ерусалим во 1187 г., Темпларите заминале во тврдината Акра. Таму останале се додека градот не бил преземен во 1291 г. после низа жестоки и нерамноправни борби во времето кога Голем Мајстор , Гијоки де Божо загинал при одбраната на градот. Изнемоштените Темплари предводени од новиот Голем Мајстор, биле последни кои што го напуштиле градот. Редот се префрлил на Кипар со местоположба во Лимасол и со централен штаб во Хромовиот Манастир во Париз.

 

После многу годишна саможртва и служба на Христијанството и на Цивилзацијата многу богатиот и влијателен Ред предизвикал завист и алчност кај другите. Најмногу покажал завист и љубомора Кралот на Франција, Филип Убавиот, кој што и бил многу задолжен кон нив. Во 1307 г. на измама Филип Убавиот ги затвора сите Темплари во Франција и му го конфискува имотот на Редот. Самиот тој не би бил во состјоба да му суди на Редот, па затоа Филип Убавиот се погрижил Папата да го стори тоа.

 

Без никакви докази за престапи, Папата Клемент V подлегнал на притисоците на францускиот крал и роднина по што во 1312 г. издал була со која што од позијира на Папа на римокатоличката црква и како врховна институција и црковно-канонска власт врз тој воено-монашки Ред, го забранил Редот.

 

Во понатамошното свое делување, Редот многу брзо се адаптирал и се преобразил во Светски Воен Витешки Ред. Редот го поставил првостепениот статут на Светски Воен Витешки Ред.

 

Само во Франција Темпларите биле прогонувани, а Големиот Мајстор Жак де Моле бил запален на клада во 1314 г. во близина на Катедралата Нотер-Дам во Пазир. Во Британија, Кралот Едвард II не применил никакви казнени дејствија врз Редот, но како резултат на прогонот на континентот, тој во 1314 г. им забранил на претставниците на инквизицијата да им судат на членовите на Рeдот. Тој исто така Храмот во Лондон не им го предал на Витезите на Св. Јован (Витезите од Малта) кои биле определени од страна на Папата за наследници на имотот на Темпларите.

 

Поради тешко мачеништво во 1314 г. 23-тиот Голем Мајстор Жак де Моле ги предал своите полномошна на Благородниот Витез Жан-Марк Лармениус. Витезот на Рeдот на Храмот, Лaрмениус, по смртта на Големиот Мајстор на Храмот Жак де Моле ги собрал раселените и преживеани Витези на Редот и во 1314 г. ја дал на Редот „Повелбата за Наследство“ (Larmenius Charter или Carta Transmissionis). Таа повелба сеуште е еден од главните документи на современиот Ред.

 

Редот го продолжил своето делување тајно и со непрекината низа од Големи Мајстори до 1705 г. Во Март 1705 г. неколкумина француски благородници направиле Собор на Витези во Версај. Тогаш го избрале Филип, Војводата на Орлеанс, подоцна Регент на Франција, за 41. Голем Мајстор на Редот. Така како Регент на Франција и Голем Мајстор на Редот тој направил официјално обновување и легитимност на Редот на Храмот, како Светски Воен Витешки Ред. По смртта на Војводата од Орлеанс, во 1723 г. војводите од Куќата на Бурбон станале Големи Мајстори на Редот до 1776 г. Таа година Војводата на Брисак станал Голем Мајстор се до егзекуцијата во 1782 г. за време на Француската Револуција. Тој како што ги предвидел предстојните случувања, ги предал архивите на Редот и „Повелбата за Наследство“ на Радо де Шевилон.

 

Редот ја преживеал револуцијата и го преживеал периодот потоа во Франција, кога на почетокот на деветнаесетиот век многу луѓе што биле на високи позиции побарале да бидат примени како Витези и Дами во Редот. Помеѓу 1818 г. и 1841 г. Редот изградил повеќе од 20 манастири во Франција и биле основани Приорати во Велика Британија, Германија, Белгија и Швајцарија. Биле основани Легати во Швајцарија, Бразил и САД.

 

Во 1940 г. кога Франција и Белгија биле превземени од нацистичка Германија, тогашниот Принц Регент Емил Клемент Вашденбург живеал во Брисел. За да го осигура преживувањето на Редот тој ги предал своите права на португалскиот Благородник Голем Приор на Португалија, Грофот Антонио Кампело Пинто де Соуса Фонтес. Неговиот наследник од 1960 г. е Неговото Височество Принцот Регент Дом Фернандо Пинто Переира де Соуса Фонтес, Голем Мајстор на Врховниот Воен Ред на Храмот во Ерусалим (OSMTH).

 

Молитва

Оче наш кој си на небото
Да се свети името Твое,
Да дојде царството твое
Да биде твојата воља
Како на небото ,така и на
Земјата.

Лебот наш насушен дај ни го денес
И прости ни ги долговите наши
Како што ние им ги проштеваме
На нашите должници
И не воведувај не во искушение
Но избавине од Лукавиот

Зошто Твое е царството и силата
И славата во век и веков.

Амин!

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Активности

04.02.2024

Годишен Меѓународен Собор на OSMTH, Рим, Италија 03.02.2024 година

Повеќе »

26.01.2024

Свечен Собор на Големиот Приорат на Македонија се одржа во Скопје на 25.01.2024 година.

Повеќе »

06.01.2024

05.01.2024 година, Скопје – Како и секоја година на 5-ти јануари Големиот Приорат на Македонија го чествува големиот Христијански празник Св.Наум Охридски Чудотворец, Слава на нашиот Ред.

Повеќе »

16.11.2023

Свечен Собор на Големиот Приорат на Македонија се одржа во Скопје на 15.11.2023 година.

Повеќе »

28.10.2023

Свечен ИЗБОРЕН Собор на OSMTH се одржа во Париз на 27ми и 28 Октомври 2023 година.

Повеќе »

Контакт



© 2024 OSMTH Magnum Prioratum Macedoniae